цистерна
мн. цистерни
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 20555
1.
Резервоар за вода со бетонско дно и ѕидови.
Примери:
Во цистерните немаше ни капка вода.
Слично со:
резервоар (м.)
2.
Поголем резервоар, а исто така и автомобил, вагон, брод со таков резервоар за пренесување на течност.
Примери:
Цистерни ги прскаа улиците.
цистерна за нафта
вагон-цистерна
брод-цистерна