цистерна (ж.)
Кос дожд се спушта под удар на западен ветар и по калдрмата потскокнуваат прскалки со жолти цистерни.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се чувствува дека овде сè се движи, сè се испреплетува, секој некаде трча, ита; тука се среќаваат и нашите цистерни, со кои се влече мазут и нафта и уште многу други коли, зашто овде се наоѓа и нашата слободна зона...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Улицата повремено ја осветлуваат веди. Кос дожд се спушта под удар на западен ветар и по калдрмата потскокнуваат прскалки со жолти цистерни.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Проклетија, гори куќа а нивниот селанец Ангеле Преслапец, сега пожарникар во градот, го нема да дојде со црвена цистерна и да помогне: во огнот бездруго е Антуш Крстин.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Радосно се симнуваше по скалите пипајќи ги месинганите глави на гелендерот, радосно ги минуваше асфалтните улици вдишувајќи го мирисот на водата од цистерни, којашто бистра се слеваше во светкавата утринска прашина.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Градот допрва се буди. Камиони – цистерни ги мијат улиците и кејот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)