а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

стопан

мн. стопани
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3004
1. Сопственик на нешто, лице што поседува некаков вид имот.
Англиски: owner Албански: pronar
Употреба: Економија , Разговорно
Примери:
Јас сум стопанот на нивава.
Стопанот на лозјето донесе ручек на аргатите.
Стопанот на куќата барал многу пари за неа.
2. Домаќин, глава на семејството.
Англиски: host Албански: nikoqir
Употреба: Економија
Примери:
Татко му беше добар стопан.
Нека излезе стопанот на куќата.
3. господар, работодавач
Англиски: master
Примери:
Момокот ги извршуваше сите задачи што ќе му ги наложеше стопанот.
Кучето весело почна да врти со опашката кога го виде својот стопан.
4. сопруг, маж
Англиски: husband Албански: burr
Употреба: Разговорно
Примери:
Домаќине, мој стопане.
Стопанот ѝ бил во туѓина.
Изрази
(разг.) Песната стопан нема - секој може да пее како сака.