состави
состават; составам; составил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2943
1.
Приближи едно до друго.
Примери:
Ги составија масите и седнаа.
Состави ги нозете и скокни.
2.
Образува целост, единство од одделни лица, делови.
Примери:
Состави влада.
Состави список.
Успеа најпосле да ја состави машината.
Состави пушка.
3.
создаде, напише, изработи
Примери:
Состави учебник.
Состави речник.
Состави книга.
Состави крстозбор.
Состави договор на брза рака.
4.
(се состави) се здружи, се соедини, се сврзе
Англиски:
join
Албански:
bashkëshoqërohet
Слично со:
сврзе (св.)
Изрази
Одвај составува/врзува крај со крај - одвај успева да преживее со малку.