состави св.
состав м.

состави (св.)

Тие ја составија во Бугарија основата на работењето во полза на Македонија. 117 „Гркоманите” во Белград од година во година се зголемуваа со нови „гркомани” и „бугаромани” но и едните и другите внатре во Србија мачно се преобрнуваа во „србомани”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За да се изработи една таква програма, македонските ученици во Белград во 1893/4 учебна година, во времето на инспекторството над нив на директорот на III гимназија Ѓуро Милијашевиќ, решија да состават македонско друштво во Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако се допушти за верна таа теорија, ќе биде јасно оти еден народ не секогаш може да устои против притисокот од туѓи соседни народи, а губи еден свој дел во корист на посилниот сосед, и друго, од неа се гледа оти народите можат да се состават од два блиски народа, слеани во едно, како последица на историска неопходност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пред другите дуќани веќе полсаат, некои и цел, чекаат со клучевите в раце, но тие не пијат „чај“ со командирот на полицијата, та не смеат да влезат предвреме, оти тој пак затоа седи кај Петруша, да види кој ќе се огреши од законот да му состави реферат и еве ти ги, — пукнале двете банки казна; по пет динари за присутните; банка „такцират маркаси“, што велеше Мамут ковачот, та на крајот казната излегла над педесет динари. А тоа значи, кршила глава половина франга.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само другиот говореше, некако чудно, со секогаш покажани заби. Горната усна како да не можеше да се состави со долната.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе го составам вашиот хороскоп за неколку дни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Умре Отец Симеон, ќе речат. Ќе ги состават главите и долго ќе шепотат за моите подвизи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Горните и долните клепки му се составија и ја собраа кожата на крај очи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше сигурен во тоа и само таа сигурност го задржа да не ја земе за цевката, таа своја долга пушка, и да не ја тресне од стеблото до себе така, за да ја раздроби на сите нејзини ситни делчиња, од кои беше составена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лицето како да му беше составено само од брчки и дамки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Таква симфонија од звуци умееше да состави само јужниот ветер, а Бојан го доживуваше тоа бучење како најубава, најпожелна музика.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не можам разните слики да ги составам во една. Растурени ми се на сите страни. Ми бегаат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И ден за ден, еден ден не ставија, нѐ составија со Јона, долу кај мостон, кај вренгијана жванска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури ни сенка не можеше да ти направи, со твојата сенка да те состави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лазор, кутриот, се сврте наврапито спрема Максима, но Мустафа ефенди, како и сите Турци голем љубител на борењето, рече Јас ставам две лири на нашинецов и веќе немаше кој да одречи да нема борење помеѓу нив, помеѓу Лазора Перуноски од Потковицата и Иса од Кичевско: Мустафа ефенди го испрати протуѓерот да ја разгласи борбата за точно напладне во Али чаир па сите заедно слегоа во дворот на општината за да ги состават борачите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бугарите некое време ги прверувале дали се српски шпиони а потоа кога научиле дека не се, то ест дека пребегале на бугарска страна за да се борат против Србите, ги испратиле во 12. полк, кој бил составен од нашинци, во четата на овега, на Димитар Зојчев.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Хаџи Ташку од порано известен од Хаџи Панови, делениците Акиноски, дека в сабота ќе дојдат потковичаните за да се измират со него, намисли да ги состави и да ги збори Иса и Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Распукува и воздухот, што се вели, и долго време не може да се состави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секоја мисла ми бега од зборот, не може да се состави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Семоќни волшебници со змиски очи се спогодиле да ги состават овие луѓе во мачната и тешка илјада деветстотини и дванаесетта година, во која не се знае колкав ќе е откупот на поразените ни колкава ќе е и каква награда за оние што ќе слават.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе