смисла
(едн.) смислата
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 373
1.
Внатрешна логична содржина на нешто.
Примери:
смислата на статијата
во добра (лоша) смисла
во потесна (поширока) смисла
во буквалната смисла на зборот
длабока смисла
Преведува по смисла.
Вникне во смислата.
(разг.) Во смисла на...
во таа смисла
здрава смисла
Слично со:
значење (ср.)
2.
Разумна основа, оправданост, цел.
Примери:
Не гледаше смисла.
Животот негов немаше смисла.
Слично со:
оправданост (ж.)
3.
склоност, способност
Англиски:
talent
Албански:
talent, sens
Има смисла за музика.
Слично со:
склоност (ж.)
4.
значење, корист
Примери:
Нема смисла така да зборуваш.
Каква смисла има да побегнеш сега?