смисла ж.
смисли св.

смисла (ж.)

Се викавме вистина „Бугари” и „христијани” во национална смисла, но зошто тоа е и дали е навистина така – ние не се запрашувавме многу— многу.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во таков случај, има ли смисла понатамошната борба? – По моето мислење, нема.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сред грмежи страшни, сред пукање често, без смисла е дури командата бојна: „Отстапујте, момци, на сигурно место, нѐ напаѓа сила неизмерно бројна“.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
103. Се работи за отцепничкиот ВМОК на чело со Хр.Станишев што во извесна смисла се поддржуваше и од ЦК на ТМОРО.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И единствено во оваа смисла Хегел можеше да му придонесе на дијалектичкиот материјализам.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Зборовите се испрекинаа, нивната смисла не можев да ја разберам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Предметите личат на луѓето, луѓето на предметите, звукот е со материјален облик и конкретна боја, бојата со внатрешна смисла и специфична тенденција.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не ја разбирав смислата на молитвите и своеволно ги изопачував чудните, неразбирливи зборови - Оче наш, иже јеси, Стане беси.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со еден збор, по една две години тој станал во вистинска смисла на зборот економ на манастирот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Денес што е за подбив и смешка Со утрешна смисла в миг го озаконува.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Наредени околу голема маса од патинирано оревово дрво, ги испитуваа сите можности да ме напикаат во некој бунар за мачење и, кинејќји од мене парче по парче, да ме присилат да изјавам во лента на магнетофон дека сум член на илегален штаб чии планови, во најстрога смисла, се сведуваат само на едно - закопување на политичките призраци и побратимување на Земјата со Него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И кога ја изгуби смислата за време и простор, тој се тргна од сонот, извидницата на белата смрт и заечи. Наеднаш: - Богдане! Ги отвори очите во исчекување.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сите предмети што ги распозна пред тоа, го добија својот вистински облик со нужна смисла.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ти ги љубам градите кротки на кои лежи студена жолтата каверна на ноќта да ти ги покренам двете гранки безлисни Слези подлабоко од тревите под нас е сѐ жолто Се нуркаме во заедничките длабочини по смислата на оваа долга ноќ што нѐ соединува во нашата брза љубов Што сме ние двајцата што крадеме од тишината кога молчат сите прозорци жолти Дали да се вратиме во нив како сомнамбули со парче смисла во очите Или да се препуштиме затворени во ова длабоко нуркање сред ноќта што нѐ открива со една утеха за сите мртви шумови што молчат од прозорците над тревите жолти
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Само чу - „Нека остане ноќеска овде. Инаку, нема смисла.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Си отидовте задоволни од моето кутнато жолтеење. Верувајќи дека со тоа сте ги покосиле и сите брчки што ми ги довериле луѓето но вие заборавивте дека го оставате мојот корен и дека мојата смисла, всушност, само што не започнала.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Нејзиниот живот доби нова смисла и таа почувствува дека е одново среќна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ти немаш смисла за реализам. И не си месечар. *
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Стариот учител искрено го жалеше овој млад човек за кого што имаше слушано од другите колеги, дека често го обземало очајание и досада, но си мислеше: ќе му мине; отпрвин сите се лошо расположени, а после свикнуваат, дури по некои и го засакуваат со целата своја душа селото, штом ќе ја откријат смислата на својот свет учителски, позив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не. Не. Сето тоа нема смисла. Не ги познавате Вие нив...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Повеќе