а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сее

сејат; сеј, сејте; сеев, сееја; сеел; сеен; сеејќи; сеење; сеав, сеаја; сеал; сеан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5062
1. Фрла семе на подготвена почва за посев.
Англиски: sow Албански: mbjell
Употреба: Земјоделство
Примери:
Сее пченица, 'рж, овес.
2. За брашно, песок - пречистува, просејува.
Англиски: sieve Албански: sit
Примери:
Сее брашно за зелник.
Сее песок.
3. Шири, распрснува сред луѓе - идеи, гласови; смут, раздор; бацили и сл.
Англиски: spread Албански: mbjell, përhap
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сее непроверени вести.
Сее страв.
Сее раздор, омраза.
Сее бацили.
Изрази
(разг.) Кај не го сееш, таму никнува - за оној кој се појавува негде неочекувано.
Како ќе сееш, така ќе жнееш.