саат
мн. саати
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1576
1.
Единица за време рамна на дваесет и четврти дел од деноноќието.
Примери:
Се вратија по неколку саати.
Се бореле токму три саати.
половина (пол) саат
Ја чекаше со саати.
Слично со:
час (м.)
2.
часовник
Примери:
Тате му купи саат за родениот ден.
Саатот е точен.
Саатот оди напред.
ѕиден саат
џебен саат
стрелката на саатот
Точен е како саат.
Слично со:
часовник (м.)
3.
момент
Примери:
Од тој саат му поминале болките.
во овој саат
во истиот саат
Слично со:
момент (м.)
4.
мера за пат
Примери:
Селото е далеку два саати.
Изрази
(разг.) Му дојде саатот - дојде некому крајот.
(разг.) Виде (разбра) колку е саатот - сфати, разбра во што е работата, за што станува збор.
Со саати - многу долго време.