а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пченица

(едн.) пченицата
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3556
1. Житно растени со тенко стебленце и плод од зрна во клас.
Латински: Triticum sativum Англиски: wheat Албански: grurë
Употреба: Ботаника , Земјоделство
Примери:
Зимна пченица.
Бела пченица.
2. Зрната на ова растение што се мелат во лебно брашно.
Англиски: wheat Албански: grurë
Употреба: Гастрономија
Примери:
Однесе пченица на воденица.
Една вреќа пченица.
3. Обредно јадење приготвено од варено јадење.
Англиски: wheat Албански: lloj haje me grurë
Употреба: Црковен термин
Примери:
Жените раздаваа пченица за покојникот.
Изрази
Туѓа пченица за задуша даваат - се грижат, се занимаваат за работи што не ги засегаат.
Со пченицата в уста - на умирање е.
(посл.) Од што пукнала пченицата? - Од просото што се пофалило дека било повредно од неа - се вели за некој што се фали пред некој што е повреден од него.
Изведенки
пченичка ж.
(едн.)
дем. и хип.