пресметка
мн. пресметки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2920
1.
Завршна сметка по извршена работа или по некој определен рок.
Примери:
Судот направи пресметка колку ќе чини експертизата.
Тој им направи пресметка за наплата.
2.
судир, несогласување, бој
Примери:
Физичка пресметка.
Во пресметката загинаа двајца борци.
Пресметката со неистомислениците оди дотаму што прогонуваните се прогласуваат за кодоши.