пренос
мн. преноси
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 6672
1.
Пренесување говор, настан, слика и звук преку електронски медиум.
Англиски:
broadcasting
Албански:
transmetim
Човек не може да се одлучи што е повозбудливо на тој канал - преносите од парламентарните седници, отворените седници на Владата или вечните репризи.
Пренос на фудбалски натпревар.
Телевизиски пренос.
2.
(едн.) Пренесување на движење од еден на друг дел од некој механизам.
3.
(едн.) Пренесување на сопственост од еден носител врз друг.
4.
(едн.) Пренесување, превоз од едно место на друго.
Англиски:
transport
Албански:
transportim
Извршија пренос на старите автомобили.