потсмева
(се) потсмеваат; потсмевал, потсмевале
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 4472
1.
Се смее некому за нешто.
Примери:
Комшиите му се потсмевале на синот кој работел деноноќно.
Зарем тој да ми се потсмева?
Тие му се потсмеваа в лице.
Слично со:
подбива (несв.)
2.
Се смее тивко, во мала мера, незабележително.
Англиски:
smile
Албански:
buzëqeshje
Стариот само се потсмева под мустаќ.
Се потсмеваше задоволно.
Изведенки
потсмевање ср.
глаг. им.
глаг. им.