посака
посакаат; посакале; посакан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1357
2.
Има, покаже, изрази желба нешто да оствари, да има.
Примери:
Секогаш го постигнува тоа што ќе го посака.
Тој посака да ја види.
3.
Изрази добри желби некому.
Примери:
Тие му посакаа успех во работата.
4.
Побара рака на девојка за себе или за некој друг.
Примери:
Неа ја промажи набрзина, за првиот човек што дојде да ја посака.
Изведенки
1.
посакува несв.
посакуваат
2.
посакување ср.
глаг. им.