посака св.

посака (св.)

И, ако со виното вдовица вашата силна жед ја загасила медно, а ако ви бацило рака со насмевка милна сираче нејако, бедно, ил ако во гозби сте имале почесно место — кое е гордост, би рекол - и ако здравицата вам ви се здравила често: здравје ви посакал секој — па, да се присетиме ние за тоа и нека да се покажеме смели!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Штом некој од жедност посакаше вода да пие - служеа децата страдни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ако религиозните и националните пропаганди не посакаат да го воведат нашиот јазик во своите училишта, се разбира дека само таму каде што живеат Словени, и ако им забрануваат на своите учители и попови да другаруваат со македонската интелигенција и општество од другите пропаганди, тогаш македонската интелигенција и народот, без разлика на пропагандите, треба да изнајдат пат со којшто ќе може да се казни таа пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеше сѐ и правеше сѐ што ќе посакаше. Му завидував.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А, бре, ич, бре ич не му посака!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Наполни петнаесет шеснаесет години — ајде, турни ја на првиот што ќе ја посака, земи некоја и друга лира прид, позакрпи се со бабата и тие што останале назад; дури и последната не ја даде на Кулета Врчкиќа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ногу е шерет, кој знае шо ќе посака, дали ќе крши лејка да се мажи толку брго!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Почнал да пуши и тој а ма пари да си купи тутун – нема, а до посака од татка си – тоа било срамота.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мислев дека со него сѐ можам, сѐ, што и да посакам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Иако гледа во неа, не може да види ништо и не знае дека чашите се волшебни кристални кугли само ноќе кога во нив, како од скинати парчиња, составува априлски жолти цветови, осамени планински колиби, две Марии. Сѐ што и да посакаше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој ги рашири рацете и посака да го прегрне тој убав и мил полски свет.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Посака и тој да има во својот стан такво легло, но бидејќи беше мрзлив не можеше сам да си изгради.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Браќата се исправаат. Сѐ што и да посакаш. Би влегле ли во вировите на рекава?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Би можеле тие да нѐ ликвидираат кога ќе им се посака.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
НЕДА: Но таа ќе дојде. Може да посака да влезе. Вие треба да ми кажете...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Дури отпосле, од твојот разговор со Методи, ја разбрав вашата намера: вам ви треба човек што ќе го изврши убиството и ќе ви овозможи вие да останете неоткриени - човек што ќе умре, по извршениот атентат, од вашата рака и што ќе продолжи да ви служи, онака како што ќе посакате!
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И му дојде некоја изненадна желба и слика. Посака да се подигне на лакти.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го познаваше како својата дланка тој заплиснат челичен порој, тој незадржливо вивнат струеж, ја знаеше најмногу таква, дива, а сепак скротена, спитомена, многу често ја имаше во своите раце и владееше со неа како што ќе посакаше, крај неа се чувствуваше како да беше јавнат на некој разигран бинек, што корне искри со копитата, вивнат суза а мирен, и ја сакаше најмногу заради таа нејзина незаздишеност, заради таа сигурност, постојано во некој лет, секогаш, со секое ново движење, сѐ со по некој нов писок, на кој што ни еднаш не е возможно да свикнеш и да ти биде обичен, бидејќи тоа е нејзиниот говор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Остануваше издолжен и притаен во својата постела и бргу посака со нешто да им помогне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сега веќе можеше да си остане тука колку што ќе му се посака, и тој остануваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе