а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

портфељ

мн. портфели
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 44048
1. Кожен паричник со повеќе прегради.
Англиски: wallet Албански: portofol, kuletë, qese
Примери:
Тој го извади портфељот да плати.
2. Голема чанта со прегради за носење ракописи, документи и сл.
Англиски: briefcase Албански: çantë
Примери:
Го зеде портфељот со актите и влезе во кабинетот.
3. Министерство, ресор на министерство.
Англиски: portfolio Албански: portfolio
Употреба: Дипломатија
Примери:
Министер без портфељ.
Изрази
Министер без портфељ - министер што не раководи со министерство; министер без ресор.