подлегне
подлегнат; подлегни, подлегнете; подлегнав, подлегнаа; подлегнал; (ќе) подлегнев, (ќе) подлегнеа; (ќе) подлегнел; подлегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 15647
1.
Прилегне, легне за кратко време.
Примери:
Тој подлегна малку да одмори.
Слично со:
прилегне (св.)
2.
Се предаде, е надвиен, победен.
Примери:
Им подлегна на тешките рани.
Им подлегна на повредите.
Слично со:
предаде (св.)
3.
Падне под влијание, попушти под притисок на некого или на нешто.
Примери:
Некои селани подлегнале под притисокот и потпишале.
Слично со:
попушти (св.)
Изведенки
1.
подлегнува несв.
подлегнуваат
подлегнуваат
2.
подлегнување ср.
глаг. им.
глаг. им.