surrender - онтологија

даде повеќе

дадам
Вид збор: Глагол, свршен
Предаде, испрати некому во надлежност.
Албански: dorëzoj
(се даде) Се држи, не се предава (обично одречно).
Албански: nuk dorëzohet

испопредаде повеќе

Види и: предаде (св.)
(се) испопредадат
Вид збор: Глагол, свршен
(обично мн.) Се предаде - за повеќемина.

парадоса повеќе

парадосаат
Вид збор: Глагол, свршен
предаде
Употреба: Дијалектен збор

подлегне повеќе

подлегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Падне под влијание, попушти под притисок на некого или на нешто.
Албански: dorëzohem

предава повеќе

Види и: предаде (св.)
(се) предаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Предава во други раце.
Албански: dorëzoj

предаде повеќе

предадат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде нешто некому, врачи на тој за кого било наменето.
Албански: dorëzoj
Даде, остави, поднесе нешто на определено место (на пошта, во гардероба, на суд итн.) заради понатамошна постапка.
Албански: dorëzoj
(се предаде) Се откаже од борба, престане да дава отпор.
Албански: dorëzoj

разоружи повеќе

разоружат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да води борба против некого или нешто, откаже се од отпор.
Албански: dorëzohem

теслими повеќе

теслимат
Вид збор: Глагол, свршен
предаде
Турски: teslim etmek Албански: dorëzon
Употреба: Архаизам
Примери:
Му го теслими чифлигот.
(се теслими) се предаде
Турски: teslim olmak Албански: dorëzohem
Употреба: Архаизам
Примери:
Теслими се, бре Јордане, жив ќе те фатиме.