плете
плетат; плети, плетете; плетев, плетеа; плетел; плетен; плетејќи, плетов, плетоа: плел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3605
1.
Изработува предмети од конци со кука, игла, машина правејќи котелци и врзувајќи ги.
Примери:
Плете чорапи, мрежа, тантели.
2.
Изработува предмети со преплетување прачки, врвки и др.
Примери:
Плете кошници, кошови.
3.
Прави плетенка.
Англиски:
plait
Албански:
thur gërshet
Си ја плете косата.
Треба да го плетам кромидот.
4.
Одејќи прави движења со нозете како да плете.
Албански:
gërshetoj
Плете (плетка) со нозете.
5.
Плете мрежи, интриги, замки.
Примери:
(поет.) А срце под гради јадови плете.
6.
(се плете) се врзува
Англиски:
entangle
Албански:
thuret, ngatërrohet
Лозата се плете околу дрвото.
7.
(се плете) се плетка
Примери:
Јазикот му се плете (плетка) кога зборува.
(разг.) Ми се плете (плетка) на јазикот (зборот, името).
Изведенки
1.
плел прид.
глаг. прид.
глаг. прид.
2.
плетел прид.
глаг. прид.
глаг. прид.