плете (несв.)

Расплакана Албанка, косите што си ги куби, фалби на Кузман му плете, бидејќи во оваа слава и подвиг ѝ убил можеби маж или дете.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
КАТЕ: Јас плетам бедени за чаршав.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— Шо ќе вида, шо ќе чуа па ти! Си залеа вода, и си киниса ваки со Јова и Бојана, — одговори Нешка и си забуцка да бара нешто во камарата над огнот каде што си ги оставаше своите работи: кончарката, иглите, калец или чорап што плетеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој непара го бакареше ни Велигден, ни Ѓурѓовден, не гледаше да извади некој грош, оти требаше, ете, и да „везе“, и да „плете" и да „ткае".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си дојдоа дома, ги распростија алиштата по драговите да се досушат и седнаа да си плетат кај Бојана, оти пак да не си дојде Ристе со маските и да замине за Прилеп!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе влезе учителот на час, а таа по малку ќе се заниша низ дворот и се потпира со грбот врз стеблото на сливата: плете некакви чипки и бедени што никогаш немаат крај.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Како што плетеше мислеше на тоа по која длабина во коските ѝ допрело сонцето и зошто веќе не почне да се поти.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кошници плетам на месје капетанот му сервирам јадење, терџоман сум. Правам тоа што знам.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се изненадија кога го видоа седнат во ладот на ѕидот зад нив, со куп врбови прачки како плете некоја голема кошница: - Ти си ја тераш таа решетарската, - рече Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тешко му беше, нозете одвај го носеа. Пред очите му се плетеа мрежи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Цела ноќ ветерот завиваше, дождот плискаше и сите тие шумови се плетеа во немирниот сон на момчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
14. УБИВАЈ СО ЛАФ, А НЕ СО ПУШКА - тоа ли е тринаесеттата заповед за денес, ги шири некој рацете божем да те гушка, а гледаш: ти го плете надгробниот венец...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
10. АТОВИТЕ СЕ РИТААТ, МАГАРИЊАТА ТЕГЛАТ - а може и во лаките коњ до коњот да прета, а магарињата по брдата, од змиските легла, за тие коњски кошкања камшици да плетат...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Куќата е една од најстарите во селото; направена од петаври: од штички и плитар, од лескови прачки исплетени од дирек до дирек како што се плете кош и облепени со кал измешана со плева, слама и козина за поцврста да биде; на многу места калта и испадната од ѕидот и зјапаат дупки низ кои ветерот се провира и свири; во тие дупки птиците се пикаат и прават седела клувкајќи го и користејќи го истиот материјал со кој е облепена куќата; чардакот од куќата виси над патот како дрвено корито спуштено од небото; куќата е затетеравена на едната страна како пијан човек и, изгледа секој миг ќе падне.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Последните два дена само за тоа се зборуваше: мене мајка ми ми купи ново фустанче, мене мајка ми ми шие, мене мајка ми ми плете, мајка ми, мајка ми...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа често плетеше такви чорапи и, веројатно, ги даваше некому да ги продава.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа плетеше некои куси волнени чорапи на пет игли со преметнат конец преку вратот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Везден ја прелистував книгата на родените сѐ дури не го пронајдов и оној ред во кој се препознаваа и буквите на моето име – синџирче од глуварчиња што го плетат децата пролети.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тоа е вистинското негарско село зашто пред секоја колиба работи по некој негар или негарка: шараат вазни, плетат кошници, ткаат, плетат, везат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Мене ми е подобро во кафезот што сончевите зраци го плетат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Повеќе