пиралка
мн. пиралки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 17360
Лопатка со која се бијат алиштата при перење.
Англиски:
beater
(разг.) Биј мајка со пиралка!
Жените переле со пиралка на река.
Девојката удираше со пиралката по јамболијата.
Изрази
(посл.) Пиралка - лута кучка по река.
Изведенки
пералка ж.