период
мн. периоди
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 473
1.
Раздел од време што опфаќа некој довршен процес.
Примери:
дождовен период
вегетационен период
Слично со:
времетраење (ср.)
2.
Во историјата - време на некој историски настан.
Примери:
повоениот период
периодот на Народноослободителната борба
периодот на Илинденското востание
Слично со:
време (ср.)
3.
Во геологијата дел од ерата.
Примери:
Периодот на плеистоценот се надоврзува на плиоценот и е претходник на холоценската епоха.
Слично со:
епоха (ж.)
5.
Голема сложена реченица, реченична низа.
Слично со:
реченица (ж.)