облее
облеат; облеј, облејте; облеав, облеаја; облеал; облеан; (ќе) облеев, (ќе) облееја; (ќе) облеел; облеен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5786
1.
Полее со многу течност по целата површина; пролее, истури многу течност врз нешто.
Примери:
Дождот ја облеа сувата трева.
Го облеа чаршафот со вино.
Слично со:
истури (св.)
2.
Hаеднаш силно се испоти.
Примери:
Го облеа студена пот по грбот.
3.
Обземе некакво чувство.
Примери:
Радост ја облеа душата на старецот.
Насмевка му го облеа лицето.
Слично со:
обземе (св.)
4.
(се облее) Се полее, се наводени од нешто.
Албански:
lagem
Девојката се облеа во солзи.
Тој се облеа во крв.
Изведенки
1.
облева несв.
(се) облеваат
(се) облеваат
2.
облевање ср.
глаг. им.
глаг. им.