а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

облее

облеат; облеј, облејте; облеав, облеаја; облеал; облеан; (ќе) облеев, (ќе) облееја; (ќе) облеел; облеен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5761
1. Полее со многу течност по целата површина; пролее, истури многу течност врз нешто.
Англиски: pour Албански: lag
Примери:
Дождот ја облеа сувата трева.
Го облеа чаршафот со вино.
2. Hаеднаш силно се испоти.
Англиски: sweat Албански: djersitem
Примери:
Го облеа студена пот по грбот.
3. Обземе некакво чувство.
Англиски: seize Албански: kaploj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Радост ја облеа душата на старецот.
Насмевка му го облеа лицето.
4. (се облее) Се полее, се наводени од нешто.
Албански: lagem
Примери:
Девојката се облеа во солзи.
Тој се облеа во крв.
Изведенки
1. облева несв.
(се) облеваат
2. облевање ср.
глаг. им.