обезбеди
обезбедат; обезбедил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1974
1.
Доведе некого или нешто во нормална и сигурна состојба, заштити од опасност.
Примери:
Тие им обезбедија засолниште на луѓето од воздушните напади.
Војниците добија задача да го обезбедат рудникот.
Слично со:
заштити (св.)
2.
Добие, заслужи нешто, овозможи нешто некому.
Примери:
Со својата пожртвувана работа, тој ја обезбеди довербата на колективот.
Неговото покровителство му обезбеди брзо напредување во кариерата.
3.
Задоволи нечии потреби, снабди некого со нешто.
Примери:
Тој им обезбеди храна на животните.
Обезбедив пари за престој во странство.
Слично со:
снабди (св.)
4.
(се обезбеди) Се задоволи, се снабди со нешто.
Примери:
Навреме се обезбедивме со огрев за зимава.
Изведенки
обезбедува несв.
(се) обезбедуваат
(се) обезбедуваат