обезбеди св.

обезбеди (св.)

Големите сили ќе ѝ поможат на Турција да се оддалечат сите неправини за македонските народности од националните и верските пропаганди и да се обезбеди нивното самостојно постоење и развивање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но Бугарите не се од таа категорија: тие ќе објават војна само тогаш ако има некоја држава што да им ги обезбеди плодовите од војната.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секој од нас ќе забележи оти тие луѓе, за кои ние знаевме само од книга и ги знаевме како луѓе што сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за пријатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покровители, не затоа што сме ние Грци, или Бугари или Срби, не зашто се грижат за некакви општонародни интереси во кои влегуваат и нашите, не зашто сакаат да поможат и да нѐ избават нас, а само со чисто егоистички цели, т.е. тие го експлоатираат тоа што ние се викаме со нивните народни имиња и сакаат, врз основа на постоењето на тие народни имиња во нашата татковина, да ја зголемат својата татковина, да ги обезбедат своите интереси со завладувањето ако не на цела Македонија, тоа барем на голем дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Знаеме, вие не можете сите да нѐ обуете и да нѐ обезбедите со она што ни треба.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бидејќи фронтот овде мируваше долго време, војската имаше време да го изора ридот со ровови, како по линијата на фронтот така и во правец на отстапниците и пристапниците што обезбедуваше максимално добро функционирање на војничкиот живот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Мислеше дека кошарата е доволно обезбедена од налетот на волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И си помислувам: колку ли деца во светот гладуваат, колку ли деца сонуваат корка леб, колку ли татковци страдаат што не можат на своите деца да им го обезбедат насушниот леб!? А нашите деца го фрлаат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Германците и Бугарите, кога, во 1941-та, повторно ја завојуваа Потковицата, покрај што ги обезбедија сите завои, сите усеци и мостови на Битолско Џаде, па мостовите и завоите на Црна, и мостовите и усеците на железничката линија, Германците, сами, на Чауле поставија осматрачница.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Садриазамот се сврти спрема старецот; тоа, да не ја нападне првин главната цел, туку да удри на неа, со сите расположиви сили, дури откако ќе ја обезбеди заднината, беше основа на неговата воена вештина, па сега, упорно загледан во старецот, се прашуваше дали тој не го лаже, дали навистина луѓето се избегани на Имотот?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дојде есента и денот кога мораше да замине за Скопје каде што Мил го запиша и му обезбеди место во интернатот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Силната болка ѝ обезбедува силна возбуда и убав глас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Англичанецот го прекина: - Да, но ние треба да ја имаме во предвид и најновата Одлука на Конференцијата на амбасадата од 9 ноември годинава во која се вели да водиме сметка на следново: патот Дебар - Струга наполно да е вон албанската територија и на тој начин да се обезбеди слободна економска комуникација меѓу двата града.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На професорот, покрај долгата, воодушевена рецензија, му обезбедив гланц ново авто, а тој мене лесен докторат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ракетите ги обезбедил кој друг, ако не Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сликите - и пиктограмите - можат да имаат различно значење во различни контексти, задача на дизајнот е да ја обезбеди соодветната перспектива.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Како Султанот на Шехерезада, СНН ќе обезбеди оправдување на едно место да се собере разновидна збирка од анегдоти, факти, апокрифи, фикции, визуелни, музички и аудио фрагменти, непотполни проекти, недовршени филмови, моментни грижи и намери.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако веќе ништо не можам да сторам за татковината, си мислев, барем ќе го зачувам правото на својата слобода, ќе ú го обезбедам правото на својата литература да не служи на никого и на ништо, освен на самата себе.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дури и повеќе, овозможувањето на легалната употреба на марихуаната би обезбедило создавање на тампон-зона помеѓу користењето на најприфатливите илегални дроги и оние појаките.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И кога во таква една култура (во која илјадници луѓе проживеале цели страшни паразитски животи на „културни работници“, обезбедувајќи си го до своите втори и трети колена тоа страшно влијание и семоќ на нивото на ова бачило во кое се прпелкаме) некој ќе завриска: крадци!, доларите истекуваат!, време е за пар бројки: (а пред тоа, фала богу, мантрата: Сети се кој си, кој е твојот интерфејс, кои се твоите динамички инпути и аутпути што те одржуваат!): „Маргина“ досега од „Фондот отворено општество на Македонија“ (дефетистички, но сигурно со дебели причини преименуван во „Хуманитарна фондација Сорос, Македонија“) за објавените пет броја (во четири книги) добила 2 250 американски долари.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Постапката на „емајлирањето“ на Аполинер добива на значење ако се сетиме дека праисторискиот човек го боел телото на мртовецот во уверение дека со тоа ќе му обезбеди задгробен живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе