оаза
мн. оази
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 8921
1.
Место во пустина со вода и со вегетација.
Примери:
Во оазата останавме неколку дена.
2.
Удобно, безбедно место за одмор, за живеење што се изделува како реткост, позитивен исклучок во својата неповолна средина.
Примери:
Оаза на мирот.
Зелена оаза.