Географија - категорија

оаза повеќе

мн. оази
Вид збор: Именка, женски род
Место во пустина со вода и со вегетација.
Англиски: oasis Албански: oazë

област повеќе

мн. области
Вид збор: Именка, женски род
Крај, подрачје, територија што претставува поголема целина изделена од целокупната географска средина во однос на релјефот, климата, хидрографијата и сл.
Англиски: region Албански: region

одбив повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Одбивање, промена на воден тек.
Албански: ndrrim, ndryshim kahje

одлив повеќе

мн. одливи
Вид збор: Именка, машки род
Периодично повлекување на нивото на водата на морски брег.
Англиски: low tide Албански: zbaticë

океан повеќе

мн. океани
Вид збор: Именка, машки род
Голема водена површина меѓу континентите.
Англиски: ocean Албански: oqean

Океанија повеќе

Вид збор: Име
Заедничко име за островите во Тихиот Океан и континентот Австралија.
Англиски: Oceania

океанограф повеќе

мн. океанографи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со океанографија.
Англиски: oceanographer Албански: oqeanograf

океанографија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што се занимава со проучување на морињата и океаните; вештина и техника на изработка на карти на водените површини.
Англиски: oceanography Албански: oqeanografi

океанографски повеќе

океанографскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на океанограф и океанографија.
Англиски: oceanographic Албански: oqeanografike

океански повеќе

Види и: океан (м.)
океанскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на океан, што припаѓа на океан.
Англиски: oceanic Албански: oqeanike

околина повеќе

мн. околини
Вид збор: Именка, женски род
Област, предел околу определено место.
Англиски: surrounding Албански: rrethinë, mjedis

општобалкански повеќе

општобалканска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на сите балкански земји.
Примери:
Тоа ја извади на виделина сета сложеност и комплицираност на македонскиот проблем и неговата општобалканска димензија.

ориенталец повеќе

мн. ориенталци
Вид збор: Именка, машки род
Жител, припадник на Ориентот.
Англиски: oriental Албански: nga Orienti

орограф повеќе

мн. орографи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со орографија.
Англиски: orograph

орографија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Наука што се занимава со дел од физичката географија, што го проучува релјефот на земјата.
Англиски: orography

осека повеќе

(едн.) осеката
Вид збор: Именка, женски род
Повлекување на водата на крајбрежјето како резултат на гравитацијата на Месечината.
Англиски: low tide Српски: осека Албански: zbaticë

осој повеќе

мн. осои
Вид збор: Именка, машки род
Место што не е изложено на сонце, обично на северна страна.
Англиски: north side Албански: vend nën hije

острец повеќе

мн. остреци
Вид збор: Именка, машки род
Остар врв на планина, карпест врв на возвишение.
Англиски: peak Албански: majë

остров повеќе

мн. острови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од копно од cите страни опкружено со вода.
Англиски: island Албански: ishull, ujdhesë

островјанин повеќе

мн. островјани
Вид збор: Именка, машки род
Жител на остров.
Англиски: islander Албански: ujdhesar

островски повеќе

островскиот
Вид збор: Придавка
Што се однеcува на остров.
Албански: ujdhese

острог повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Висок и остар каменест врв.
Англиски: peak Албански: kep, shkëmb

Охрид повеќе

Вид збор: Име
Град во југозападниот дел на Македонија.
Англиски: Ohrid Албански: Ohri
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - њ - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш