а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

матрица

мн. матрици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 11561
1. Калап за леење печатарски букви, пари и сл.
Англиски: matrix Албански: amëz, matricë
2. Во галванопластиката - отпечаток добиен со втиснување на оригинална печатарска форма на оловна фолија, восочна или целулоидна плоча.
Англиски: stencil Албански: matricë, shabllon
3. Релјефен отпечаток добиен во негатив од кој се изработува разни предмети.
Англиски: matrix Албански: matricë, shabllon
4. Систем од бројки распоредени во правоаголни шема и редови кои се однесуваат според вообичаените алгебарски закони.
Англиски: matrix Албански: matricë
Употреба: Математика
5. Снимена музичка подлога на која се наснимува гласот или се користи за настап во живо.
Англиски: stencil Албански: matricë
Употреба: Музика и танц
6. Во програмирањето - основна структура на податоци во која податоците се подредени и организирани така што да можат да се користат како една информациска единица.
Англиски: matrix Албански: matricë
Употреба: Информатика
7. Начин на однеcување според некој принцип, модел итн.
Англиски: pattern Албански: model, mostër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Османскотурскиот јазик му се виде како матрица која ги обединуваше источните и западните влијанија и ги пренесуваше во балканските јазици.