калап
мн. калапи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 9971
1.
Посебно изработен предмет со помош на кој се обликува тоа што се произведува, што се изработува или поправа.
Примери:
Чирачето му го донесе дрвениот калап за чевли.
Беа празнично облечени, со фесови извадени од калап.
Жешката маса се истура во помали и поголеми калапи.
калап за торта
2.
Производ со правоаголна, четвртеста форма добиен со помош на калап.
Примери:
Подај ми го калапот сапун.
еден калап сирење
Слично со:
коцка (ж.)
3.
Збиен и цврсто врзан врзоп од тутун, лисја, сено, трева.
Слично со:
врзоп (м.)
4.
модел, шаблон, пример
Примери:
Таа беше така воспитана и по ист калап ги воспита и своите деца.
5.
Определен, затврден ред на правила и норми.
Примери:
Поголемиот дел песни се вклопуваа во калапите на стандардите од нашите фестивали.
Изрази
На еден калап вадени - иcти, идентични.
По калап - неоригинално, на ист начин, еднообразно. *Работи по ист калап со години.
Изведенки
калапче ср.
мн. калапчиња
дем.
Пример: калапчиња локум
мн. калапчиња
дем.
Пример: калапчиња локум