креда
  
    
    
  
  
      
          
             мн. креди
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 12449
	    
	
    
    
      
          1.
          Вид бел, мек варовник што се користи во индустријата; калциев карбонат.
        
         
          
		  
		  
          2.
          Обликувано парче од таков варовник што служи за пишување и цртање.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Училишна креда.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Третата и последна етапа од мезозојската ера на Земјата.