клас
мн. класови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2408
1.
Најгорниот дел од житни растенија каде што се образува семето; целиот страк заедно со тој дел.
Примери:
житен клас
Ветерот поддувнуваше, класјето се нишаа и се брануваа како морски бранови.
Жени и старци ги собираа класјето.
2.
Кочан од пченка со зрната.
Примери:
Со недосронет клас пченка го затекна среде работа.
Слично со:
кочан (м.)
3.
Степен на школување во средно училиште во траење од една година; едногодишна наставна програма.
Примери:
Тој тргна во први клас гимназија.
Тој го повторуваше класот.
4.
Група ученици што заедно посетуваат таква настава.
Примери:
Целата гимназија по класови е построена во дворот.
Пред четири години бев со класот на море.
5.
Училница во средно училиште.
Примери:
Тогаш бевте добри пријатели, седевте во една клупа во класот.
Слично со:
училница (ж.)