изведе
изведат; изведи, изведам, изведете; изведов, изведоа; извел; изведев, изведеа; изведел; изведен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1572
1.
Водејќи, придружувајќи изнесе надвор од некоја просторија.
Примери:
Двајцата војници го изведоа врзан затвореникот од затворот.
Стопанот ги изведе маските од арот на гумното.
Деверот ја изведе невестата во дворот пред свекорот и свекрвата.
Слично со:
изнесе (св.)
2.
Изврши, направи некоја работа.
Примери:
Градежните работи ги изведе претпријатието „Бетон“.
Испитот ќе го изведе новиот професор.
Слично со:
изврши (св.)
3.
Исполни уметничко дело (ролја, приредба, песна).
Примери:
Театарот за деца и младинци неодамна ја изведе својата најнова премиера.
Филхармонијата на вчерашниот концерт го изведе Чајковски беспрекорно.
Слично со:
исполни (св.)
4.
Донесе заклучок.
Примери:
На крајот од состанокот изведовме заклучок за нашата работа во иднина.
Слично со:
заклучи (св.)
6.
Во природните науки - величина, формула, опит.
Англиски:
complete
Албански:
nxjerr, kompletoj
Учениците сами го изведоа опитот што им го зададе наставничката.
Учениците ги изведоа формулите потребни за решавање на задачата.
Изрази
Го изведе на пат - го оспособи за живот.
Пилиња му изведе на глава - настојува многу, упорен е во настојувањето некој да заврши некоја работа.
Изведенки
1.
изведува несв.
изведуваат
изведуваат
2.
изведување ср.
глаг. им.
глаг. им.