Сцена - категорија

игра повеќе

играат
Вид збор: Глагол, несвршен
Настапува како актер, толкува ролја.
Англиски: act Албански: aktron

игран повеќе

играни
Вид збор: Придавка
Долгометражен филм што е остварен со помош на глумци, актери.

изведба повеќе

мн. изведби
Вид збор: Именка, женски род
Исполнување, изведување на уметничко (драмско, сценско) дело.
Англиски: performance Албански: performancë, interpretim

изведе повеќе

изведат
Вид збор: Глагол, свршен
Исполни уметничко дело (ролја, приредба, песна).
Англиски: perform Албански: performoj

изведувач повеќе

мн. изведувачи
Вид збор: Именка, машки род
Актер, тој што учествува во изведба на сценско дело.
Англиски: performer Албански: interpretues

изрежира повеќе

Види и: режира (св. и несв.)
изрежираат
Вид збор: Глагол, свршен
Режира сценско или филмско дело.
Англиски: direct Албански: bëj regji

имитатор повеќе

мн. имитатори
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со имитирање како вештина.
Англиски: imitator Албански: imitator

инспициент повеќе

мн. инспициенти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што ги води и ги контролира сите работи зад сцената за успешна изведба на претставата.
Англиски: stage manager

инсценација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Кулиси и опрема за театарска претстава, сценско обликување.
Албански: insenacion

инсценира повеќе

инсценираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи инсценација за театарска претстава, преработи, преработува литературно дело за изведба на сцена.
Англиски: stage Албански: inscenim

интендант повеќе

мн. интенданти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што управува со театарска или оперска установа.
Англиски: director Француски: intendant

интерпретатор повеќе

мн. интерпретатори
Вид збор: Именка, машки род
Лице што исполнува, изведува литературно или музичко дело.
Англиски: performer Албански: interpretues, performues

интерпретација повеќе

мн. интерпретации
Вид збор: Именка, женски род
Сценска изведба, исполнување на литературно или на музичко дело.
Англиски: performance Албански: interpretim, performansë

исполнувач повеќе

мн. исполнувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што изведува нешто на сцена.
Англиски: performer Албански: interpretues
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш