а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изведе

изведат; изведи, изведам, изведете; изведов, изведоа; извел; изведев, изведеа; изведел; изведен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1572
1. Водејќи, придружувајќи изнесе надвор од некоја просторија.
Англиски: lead out Албански: nxjerr
Примери:
Двајцата војници го изведоа врзан затвореникот од затворот.
Стопанот ги изведе маските од арот на гумното.
Деверот ја изведе невестата во дворот пред свекорот и свекрвата.
2. Изврши, направи некоја работа.
Англиски: perform Албански: kryej
Примери:
Градежните работи ги изведе претпријатието „Бетон“.
Испитот ќе го изведе новиот професор.
3. Исполни уметничко дело (ролја, приредба, песна).
Англиски: perform Албански: performoj
Употреба: Сцена
Примери:
Театарот за деца и младинци неодамна ја изведе својата најнова премиера.
Филхармонијата на вчерашниот концерт го изведе Чајковски беспрекорно.
4. Донесе заклучок.
Англиски: conclude Албански: konkludoj
Примери:
На крајот од состанокот изведовме заклучок за нашата работа во иднина.
5. Образува збор од основа на друг збор (на пр. лови - ловец).
Англиски: derive Албански: nxjerr
6. Во природните науки - величина, формула, опит.
Англиски: complete Албански: nxjerr, kompletoj
Примери:
Учениците сами го изведоа опитот што им го зададе наставничката.
Учениците ги изведоа формулите потребни за решавање на задачата.
7. веде
Англиски: hatch Албански: çel
Примери:
Квачката изведе десет пилиња.
Изрази
Го изведе на пат - го оспособи за живот.
Пилиња му изведе на глава - настојува многу, упорен е во настојувањето некој да заврши некоја работа.
Изведенки
1. изведува несв.
изведуваат
2. изведување ср.
глаг. им.