а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зашиба

зашибаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да шиба.
Албански: godas me shkop
Примери:
Дрварот го зашиба коњот.
Чуварот го зашиба затвореникот по грбот.
2. За ветар, дожд - почне да дува, да врне силно.
Албански: frymë
Примери:
Зашиба силен и крупен дожд.
3. Ефектно даде гол.
Англиски: strike Албански: shënoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Домашниот тим му зашиба четири гола на гостинскиот тим.
4. Почне да става, да трупа.
Англиски: pile Албански: mbledh
Употреба: Разговорно
Примери:
Зашиба некаква облека и нешто за јадење во торбата и излезе.
5. (се зашиба) Почне да се шиба меѓусебно.
Албански: godas njëri tjetrin
Примери:
Се зашибаа децата со некакви долги стапови.
Изведенки
1. зашибува несв.
(се) зашибуваат
2. зашибување ср.
глаг. им.