а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

залута

залутаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10907
1. Почне да лута, да скита.
Англиски: roam Албански: endem, bredhem
Примери:
Тој залута низ улиците на градот.
2. Се загуби при одење, тргне по погрешен пат, правец.
Англиски: stray Албански: humbem
Примери:
Децата залутале во шумата.
Тој се одделил од карванот и залутал низ пустината.
3. Стигне негде каде што не е предвидено, стигне случајно.
Англиски: err Албански: arrin gabimisht
Примери:
Пакетот залутал на друга адреса.
4. За поглед, мисла - го обземе нешто, се занесе по нешто.
Англиски: stray Албански: humbet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Погледот му залута по салата.
Мислите ми залутаа назад во минатото.