закон
мн. закони
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 268
1.
Правен пропис, нормативен акт донесен од надлежен орган на државата со кој нешто се определува, се уредува.
Примери:
Собранието донесе закон.
Кривичен закон
Закон за финансиско работење
2.
Установен ред, правило во определена средина.
Примери:
Законот наш не дава помлада ќерка да мажиш пред постарата.
Неговиот збор беше закон во фамилијата.
Вие ги нарушивте законите на витештвото.
3.
Норми и правила за однесување, општопризнати морални обврски.
Примери:
Љубовта не почитува никакви закони.
Тој си имаше свои закони за однесување.
И во детските игри имаше закон.
Слично со:
норма (ж.)
4.
Состојба која произлегува од односот помеѓу појавите во природата и реалноста.
Примери:
Човекот не ги почитува законите на природата.
5.
Утврдена научна вистина, правило.
Примери:
Архимедов закон
закон за гравитација
фонетски закони
6.
Вера, верски прописи.
Примери:
Законот на Христа нам не ни дозволува да се жениме повеќепати.
Слично со:
пропис (м.)
Изрази
Законот стапи во сила - почне да се применува определен закон.
Стави надвор од законот - лиши некого од определени граѓански и политички права, забрани нешто (организација и сл.).
Во името на законот - така како што налага законот.
Божји закон - правила во христијанската религија.
Драконски закони - многу сурови мерки.
Нужда закон менува - неопходно е, мора да се направи нешто.
Секое село и закон (си има) - секој работи како што знае и умее, како што навикнал.
Човек на (од) законот - тој што го познава или што го применува законот; правник.