а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

обичај

мн. обичаи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1397
1. Општоприфатен начин на живот, работа, однесување кој со текот на времето се затврдува како општествено правило, преминува во традиција.
Англиски: custom Албански: zakon, adet
Примери:
народни обичаи
свадбени обичаи
2. Навика, постапка што се повторува несвесно.
Англиски: habit Албански: zakon, ves
Примери:
Тој имаше обичај да си дремнува по ручекот.
Таа, по обичај, го бакна во челото.