а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

држи

држат; држи, држете; држев, држеше, држеа; држел; држен; држејќи; држав, држаа; држал; држан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 531
1. Фати и не испушта од рацете.
Англиски: hold Српски: држати Албански: mbaj Бугарски: държа
Примери:
Држи книга во рацете.
Го држеше детето за рака.
2. Има власт, управа, контрола над нешто.
Англиски: keep Албански: mbaj
Примери:
Ја држеа управата на фабриката во свои раце.
Држат заседа пред селото.
3. Има нешто или држи некого/нешто во служба.
Англиски: keep Албански: mbaj
Примери:
Кројачот држеше двајца калфи.
Селаните држеа овци и кози.
Во дуќанот држи само златни прстени.
4. Чува, сместува некого или нешто на определено место.
Англиски: keep Албански: mbaj, ruaj
Примери:
Парите ги држеше под перница.
Ги држеа рипчињата во една тегла.
5. Потпира, крепи некого или нешто.
Англиски: support Албански: mbaj
Примери:
Мостот го држеа десетина столбови.
Нозете не ја држеа веќе.
6. Стави нешто во определена положба или состојба.
Англиски: keep Албански: mbaj
Примери:
Ја држеше пушката свртена кон мене.
Луѓето ги држеа главите наведени.
Раката ја држеше под нејзината глава.
7. Принуди некого на определена положба или состојба.
Англиски: force Албански: mbaj, ruaj
Примери:
Го држеле две недели во притвор.
Ја држат затворена во собата.
8. Одржува некого или нешто во определена состојба.
Англиски: keep Албански: mbaj
Примери:
Власта го држеше народот во заблуда.
Го држи гладен.
Постојано држам чисто и средено.
9. Одржува или создава определена состојба и сл.
Англиски: maintain Албански: mbaj, ruaj
Примери:
Играчите го држеа истото темпо и во второто полувреме.
Стариот држеше оган цела ноќ.
Ќе држиме отстапница до стемнување.
Ова палто држи топло.
Крушата им држеше сенка на околните лози.
10. Се наоѓа во определена врска, однос или контакт со некого.
Англиски: keep Албански: mbaj lidhje
Примери:
Тој држеше врска со одредот.
11. Се простира, опфаќа нешто.
Англиски: spread Албански: shtrihet
Примери:
Неговиот имот држеше од ридот, па сè до реката.
12. Задржува, спречува некого да напушти определено место.
Англиски: keep Албански: mbaj
Примери:
Дождот цел ден нè држеше дома.
Работата го држеше во градот.
13. Останува верен, доследен на некого или нешто.
Англиски: hold Албански: mbaj, mbetem
Примери:
Тој држи до своето мислење.
Нè држат многу до старите обичаи.
14. Се наоѓа на страната на некого.
Англиски: side Албански: mbaj anë
Примери:
При секоја кавга баба му ја држеше неговата страна.
15. Има можност, способност да направи нешто.
Англиски: capable Албански: sa mund
Примери:
Плачеше до колку што ѝ држеше гласот.
Се расписка колку што ја држи грло.
16. Во посебни изрази.
Англиски: hold Албански: mbaj
Примери:
Редовно ги држеа божиќните пости.
На мостот некој држеше говор.
17. Поткрепува, поддржува некого.
Англиски: support Албански: mbaj, përkrah
Употреба: Преносно значење
Примери:
Некој моќник го држи на раководното место.
18. (се држи) Се фати за некого или нешто.
Англиски: hold Албански: mbahet
Примери:
Се држеше за гривата од коњот.
Таа се држеше за главата и офкаше.
Двете деца се држеа за раце.
19. (се држи) Се потпира на нешто.
Англиски: support Албански: mbaj, qëndroj
Примери:
Малите јагниња одвај се држеа на нозете.
20. (се држи) Се одржува во определена состојба.
Англиски: keep Албански: mbaj, qëndroj
Примери:
Држете се на мразот.
21. (се држи) Се придржува кон нешто.
Англиски: stick Албански: mbaj
Примери:
Јас се држев за вистината.
22. (се држи) Издржува, не се дава, не попушта.
Англиски: hold Албански: mbaj, qëndroj
Примери:
Тој се држи и покрај годините.
Востаниците се држеа до последниот куршум.
Врбата се држеше на половина корен.
23. (се држи) Се однесува на определен начин.
Англиски: behave Албански: mbaj, qëndroj
Примери:
Се држи настрана од нас.
Се држеше како вистински домаќин.
24. (се држи) Се движи во определен правец следејќи нешто.
Англиски: keep Албански: mbaj
Примери:
Држете се за вчерашната дира.
25. (се држи) Се наоѓа во добри односи со некого.
Англиски: maintain Албански: mbaj
Примери:
Луѓето од селото се држеа меѓу себе.
Изрази
Ако му држи - ако смее, ако има храброст.
Го држи настрана - не му дава можност да учествува во нешто.
Држи до себе - внимава на своето достоинство.
Држи лекција - поучува некого за нешто.
Држи нечија страна - поддржува некого.
Држи си го јазикот - не зборувај многу.