дополни
дополнат; дополнил; дополнет
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3240
2.
Каже, додаде нешто при зборување.
Примери:
Таа го дополни кажувањето на мајка си.
Слично со:
докаже (св.)
3.
Прави да биде комплетен, комплетира.
Примери:
Си ја дополни мислата загледан во реката.
Топлото сончево време само ја дополни пријатната глетка.
4.
(се дополни) Додаде нешто во својот исказ, се доискаже.
Примери:
Сега е сѐ смалено, си рече, и не само смалено, се дополни, туку и испразнето.
„Шета по реката“, викна жената, „државата плаќа“, гневно се дополни.
Слично со:
доискаже (св.)
5.
(се дополни) Се потполни, се комплетира нешто.
Примери:
Неговиот животопис треба да се дополни.
Објаснувањата треба да се дополнат и доуточнат.
6.
(се дополни) (само мн.) Се поврзе во целина едното со другото, претставува дополнение едното на другото.
Англиски:
complement
Албански:
kompletohet
Сите тие работи се дополнуваа една со друга.
Овие две тврдења никако не се исклучуваат, ами само се дополнуваат.
Изведенки