довлече
довлечат; довлечи, довлечете; довлеков, довлекоа; довлекол, довлекле; (ќе) довлечев, (ќе) довлечеа; (ќе) довлечел; довлечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9058
1.
Со влечење донесе, премести нешто до определено место.
Примери:
Поарно ќе биде ако довлече плочи па покривот да го направи од нив.
2.
Доведе, донесе некого со сила.
Примери:
Пустинското дете ме довлече до камилата.
Слично со:
доведе (св.)
3.
(се довлече) Одвај дојде, стигне со влечење.
Примери:
Околу полноќ до мене се довлекоа тројца другари.
Одвај се довлеков до вратата и ѕирнав низ клучалката.
Слично со:
стигне (св.)
Изведенки
1.
довлечува несв.
довлечуваат
довлечуваат
2.
довлечување ср.
глаг. им.
глаг. им.
3.
довлекува несв.
довлекуваат
довлекуваат
4.
довлекување ср.
глаг. им.
глаг. им.