arrive - онтологија

втаса повеќе

втасаат
Вид збор: Глагол, свршен
пристигне, дојде
Албански: arrij, mbërrij

доаѓа повеќе

Види и: дојде (св.)
доаѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пристигнува од некаде на кој било начин.
Српски: долазити Албански: arrij Бугарски: дохождам

доака повеќе

доакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде, пристигне од некаде.
Албански: vjen
Употреба: Разговорно

добута повеќе

добутаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде, со помош или со големи напори до некоја позначајна положба, до некој степен во развојот.
Албански: arrin
Употреба: Преносно значење

довлече повеќе

довлечат
Вид збор: Глагол, свршен
(се довлече) Одвај дојде, стигне со влечење.
Албански: arriti

довтаса повеќе

довтасаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде, стигне на кој било начин.
Албански: arriti

дојде повеќе

Види и: иде (несв.)
дојдат
Вид збор: Глагол, свршен
Одејќи или движејќи се со превозно средство пристигне на местото до оној што зборува, пристигне.
Албански: arriti
Пристигне нешто.
Албански: arriti

дојдува повеќе

Види и: дојде (св.)
дојдуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
доаѓа

долета повеќе

долетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде, стигне брзо, веднаш.
Албански: arrij
Употреба: Преносно значење

допатува повеќе

Види и: патува (несв.)
допатуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде, стигне до определено место (обично со превозно средство).
Албански: arrin, vjen

достаса повеќе

достасаат
Вид збор: Глагол, свршен
стигне
Албански: arrin

доточка повеќе

(се) доточкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде, пристигне некаде долго движејќи се еден по друг.
Албански: arrij
Употреба: Разговорно

запристига повеќе

Види и: пристига (несв.)
запристигаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да пристига.

иде повеќе

идат
Вид збор: Глагол, несвршен
За предмет - пристига, доаѓа однекаде на определен начин.
Албански: vij, arrij
Употреба: Преносно значење

поддоаѓа повеќе

поддоаѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Доаѓа понекогаш, одвреме-навреме.

појде повеќе

појдат
Вид збор: Глагол, свршен
Стигне некаде.
Албански: arrij

покапе повеќе

Види и: капе (несв.)
покапат
Вид збор: Глагол, свршен
За пари - пристигнуваат малку по малку.
Албански: arrij
Употреба: Преносно значење

привтаса повеќе

Види и: пристаса (св.)
привтасаат
Вид збор: Глагол, свршен
пристаса

пристаса повеќе

пристасаат
Вид збор: Глагол, свршен
пристигне
Употреба: Дијалектен збор

пристига повеќе

Види и: пристигне (св.)
пристигаат
Вид збор: Глагол, несвршен
пристигне
Албански: arrij

пристигне повеќе

пристигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде, стигне на определено место.
Албански: arrij, vij
За временски период - настапи, се појави, почне.
Албански: vij, arrij

раздојде повеќе

раздојдат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде од сите страни.
Употреба: Разговорно
Примери:
Сите пилиња ќе раздојдат.

стаса повеќе

Види и: втаса (св.)
стасаат
Вид збор: Глагол, свршен
втаса
Албански: mbrrij, arrij
Употреба: Разговорно

стасува повеќе

Види и: стаса (св.)
стасуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
втасува
Албански: mbrrij, arrij
Употреба: Разговорно
Примери:
Господа и дами во вечерни тоалети стасувале пред театарот за премиера исклучиво со пајтон.

стигне повеќе

стигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде во определено место.
Албански: arrij

стигнува повеќе

Види и: стигне (св.)
стигнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
стигне