дневен
дневни
Вид збор: Придавка
Ранг: 1637
1.
Што се однесува на денот.
Примери:
дневна светлина
дневна температура
Спротивно од:
ноќен (прид.)
2.
Што се случува дење, што се извршува преку ден.
Примери:
дневни задолженија
дневна работа
Слично со:
секојдневен (прид.)
3.
Што се извршува во текот на еден ден.
Примери:
дневен трошок
дневен пазар
Дневна листа на јадења.
Слично со:
еднодневен (прид.)
4.
Што се случува, се извршува секој ден, секојдневен.
Примери:
дневна политика
Изрази
Дневен печат, дневен весник - весник што излегува секој ден (за разлика од периодичните списанија).
Дневен ред - утврден ред на прашањата што ќе се разгледуваат на седница, состанок и сл.
Дневна соба - салон, соба во која се минува поголемиот дел од денот.