ноќен
ноќни
Вид збор: Придавка
Ранг: 1220
1.
Што се случува во ноќта, што се однесува на ноќ.
Англиски:
nightly
Ноќен кошмар.
Ноќна свежина.
Ноќна прошетка.
Ноќна посета.
Ноќен страв.
Ноќна забава.
2.
Што е наменет за употреба преку ноќ.
Ноќна кошула.
Ноќно шкафче.
Ноќна ламба.
3.
Што работи, дејствува преку ноќ.
Ноќна стража.
Ноќна смена.
Ноќен локал.
Ноќен чувар.
Ноќна птица.
Ноќна пеперуга.