излиже
  
    
    
  
  
      
          
            
              излижат; излижи, излижете; излижав, излижаа; излижал; излижан; излижев, излижеа; излижел; излижен
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 12603
	    
	
    
    
      
          1.
          Со лижење изеде целосно, до крај.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Децата го излижаа сладоледот. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Со јазикот помине по некоја површина.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Загарот му ги излижа рацете на својот господар.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Направи да се изаби целосно, да се излити.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    wear off
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                del ngjyra
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Со секојдневното возење велосипед, тој брзо ги излижа панталоните. 
	              
	            
	          
	            
	              Ако вака се слизгаш, брзо ќе го излижеш ѓонот на чевлите.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  излити (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          Истрие, измазни (обично камен) - под дејство на истечна, проточна вода.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Реката беше ги излижала карпите покрај брегот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          (се излиже) се истроши, се изаби
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    wear out
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                del ngjyra
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Гумите на колата за една година сосема ќе се излижат.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  изаби (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Прстите да си ги излижеш - многу вкусно приготвено.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
           
          излижува несв.
излижуваат
          
          
          
        
      
    
излижуваат