излиже (св.)
Апсењето на стариот крпач Адам го заборавија, бракот на писарот и бабицата тромаво и еднолично течеше - без разделба и без деца, агентот не претставуваше веќе никаква новост; се заситија луѓето од него како деца од дрвена играчка, скршена и деформирана, на која ѝ се излижала бојата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Јанко во среќа пливнува, на Вера шеќерно цветче ѝ носи и воздивнува, воздивнува, воздивнува: - Излижи го или закачи го в коси!
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
- А како бре, главчо, ќе ја истресеш или ќе ја излижеш од себе таа миризлива бела или сина или каква друга кралска сапуница? А? Добро вели човекот. Под туш! Само под туш! Раскажувај, другар!...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Ашлаку неизмиен, рекла. - Кој тебе ќе те пушти да брцаш во мед за да си ги излижеш прстите?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од глад или од тоа што знам дека пак е одена наоколу да ги подмамува оние мачки и она куче за пак да може по ручекот чиниите наместо да ги измие да им ги подметне на мачките и кучето да ги излижат.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Тука веќе сè сум излижал и секаде сум продрел.“
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Го излижав шеќердисаниот сок што се уште го беше сочувал вкусот на планински јаготки.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Крупните сини очи ѝ беа невешто исцртани со зелени линии, а светлоцрвениот кармин се беше излижал од средината на нејзините полни усни, обрабувајќи ги со една разлеана линија.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Таа си ги извади мазниот, бледорозов јазик и си ги излижа.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ѓорѓија се свести и си ги излижа забите.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ѓорѓија само ја подотвори устата и од што беше шокиран и разочаран заборави да ја излиже големата тегавица плунка што му се залепи за забот и усната.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ѓонот се излижа, се скина, и дупката на десниот чевел особено брзо се ширеше.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
„А ете, јас сум слушнала дека најголем дел од копитарите, ако не го излижат малечкото веднаш откако ќе го родат, ако не го обележат со својата плунка, со тој знак кој ним самите им вели: ‘Ова е мое, ова сум јас,’ тогаш го отфрлаат новороденото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Имаше и такви кај кои, откако ќе им ја излижев сјајната и блага шарена обвивка, ќе стасав до делот исполнет со сол, а тој толку многу ги печеше заборавените рани и потсетуваше на лажност и на измама.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Грицкачите се најзадоволни кога ќе налетат на некој класик, уште во кожен повез, уф, уф, прсти да излижат.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)