шипка

мн. шипки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7088
1. Диво грмушесто бодливо растение од родот па розите; дива роза.
Латински: Rosa canina Англиски: dog rose Албански: lloj trëndafili, kaçë
Употреба: Ботаника
Примери:
Покрај патот имаше една шипка.
2. Плод од тоа растение.
Англиски: rose hip Албански: kaçë
Употреба: Разговорно
Примери:
мармалад од шипки
3. метална прачка
Англиски: rod, pole Српски: шипка
Употреба: Нестандарден збор
Примери:
Со метална шипка се обидел да ја убие сопругата.
Изрази
(разг. само во мн.) Шипки! (на, шипки!) - никогаш!