столб

мн. столбови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2445
1. Потпирач поставен вертикално како носечки елемент.
Англиски: pillar Албански: shtyllë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
сала на столбови
мермерен столб
2. Валчест труп од дрво, камен, метал укрепен во нешто вертикално.
Англиски: pillar Албански: shtyllë
Примери:
телефонски столб
граничен столб
3. потпирач, опора
Англиски: support Албански: shtyllë, mbajtës
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој беше столб на организацијата.
4. Голема маса од вода, прашина, чад или слично во столбовиден облик.
Англиски: pillar
Употреба: Преносно значење
Примери:
столб од прашина
Изрази
(разг.) Столб на срамот - јавно осудување на некого.