стане

станат; станам, стани, станете; станав, стана, станаа; станал; станале, станат; станев, станеа; станел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 129
1. Застане на нозе, се исправи.
Англиски: stand Албански: qëndron
Примери:
Стана од столот.
Ученикот стана и ништо не одговори.
Не можеше да стане.
2. Дигне се од постела, се разбуди.
Англиски: get up Албански: zgjua
Примери:
Утре рано да станеш.
Уште не станал.
Станал околу полноќ да пие вода.
3. Дигне се по болест, оздрави.
Англиски: recover Албански: shërua
Употреба: Преносно значење
Примери:
Легна и воопшто не стана.
Или да умре, или да стане.
4. Дигне се во заштита на некого, на нешто; приготви се за борба.
Англиски: rise
Примери:
Стана на борба против непријателот.
Стана во негова одбрана.
Стана против него.
5. Добие друг квалитет; добие некоја професија, чин, звање и сл.
Англиски: become
Примери:
Лицето му стана модро од студ.
И тој стана професор.
Стана убиец.
Стана ударник.
Станаа маж и жена.
6. Развие се некако.
Англиски: become
Примери:
Ќе стане како мајка ѝ.
7. Достигне до некаков размер.
Англиски: become
Употреба: Разговорно
Примери:
Станавме веќе бригада.
8. се образува, се здобие
Англиски: become
Примери:
Ништо нема да стане од него.
9. се уреди
Англиски: resolve
Употреба: Разговорно
Примери:
Ќе стане и таа работа.
10. (само во 3 л. едн.) се случи
Англиски: happen
Употреба: Безлично
Примери:
Што стана со куќата - не знам.
Стана тој како што рече.
11. Во состав со некои други зборови го изразува нивното значење.
Англиски: become
Примери:
Стане голем.
Стане за смеа.
Стана збор за него.
Ако стане потреба.
12. Во состав со кратка дативна заменска форма и прилог.
Англиски: feel
Употреба: Безлично
Примери:
Ми стана непријатно.
Ќе ти стане смешно.
Ми стана тешко.